Вчеравечер, во 23 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на обиколницата на град Скопје, на автопатот Скопје – Тетово, по клучката кај Волково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 35-годишниот М. Љ. од село Копаница, Скопско, патничко возило „рено клио“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од 64-годишниот Ќ. З. од Тетово, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 50-годишниот А. Ф. од Гостивар, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добиле М. Љ. и сопатничка од возилото ‘рено клио’, С. З. (61) од Тетово, а телесни повреди добил Ќ. З., констатирани во Градската општа болница ‘8 Септември’ и комплексот клиники ‘Мајка Тереза’“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Макфакс