Спорт

Халеп доби четиригодишна суспензија, најави жалба

Халеп доби четиригодишна суспензија, најави жалба

Двократната гренд слем шампионка, Романката Симона Халеп доби четиригодишна суспензија за две посебни прекршувања на анти-допинг првилата, потврди Агенцијата за интегритет во тенисот (АТИА) во вторникот.

dobivaj vesti na viber

31-годишната Халеп, која е поранешна шампионка од Вимблдон и од Ролан Гарос, претходно беше условно суспендирана од октомври 2022 година по позитивниот теста на средството за засилување на крвта „роксадустат“ на САД опен минатата година. Халеп одби да ја прифати одлуката и најави тужба до Судот за арбитража во спортот (ЦАС).

„Продолжувам со тренинзите и ќе го направам тоа што е во моја моќ да го исчистам моето име од овие лажни обвинувања и да се вратам на тенисот. Планирам да се жалам до Судот за арбитража во спортот и да одам со сите можни тужби против компанијата за производство на додатоци за исхрана“, вели Халеп.

„Роксадустат“ е дозволен за медицинска употреба во Европската Унија за третирање на анемија предизвикана од проблеми со бубрезите, и го стимулира производството на природниот хормон еритропоетин (ЕПО), кој долго време се користи за допингување во велосипедизмот.

Халеп беше обвинета за втор прекршок во мај поради нерегуларностите во нејзиниот биолошки пасош, кој го прегледал панел на експерти.

Макфакс

На почеток