Пазарна ќе ги тресе маркетите, Трајковски порача: Без селекција!
Директорот на Државен пазарен инспекторат, Горан Трајковски порача дека без селекција и без компромис ќе постапуваат во согласност со новите мерки за цените на прехрамбените производи кои ќе бидат усвоени од страна од Владата!
„Во наредниот следува измена на дел од законите кои се во надлежност на инспекторатот, со цел да се зголеми ефикасноста и ефективноста на надзорите, и воопшто на целата работа во инспекторатот и на терен. Пазарниот инспекторат и понатаму останува да работи со засилени контроли на терен, со цел да се заштити стандардот на граѓаните“, напиша Трајковски.
Идната недела ќе има замрзнување на цени на прехрамбени продукти.