Коментари

Глупоста која завладеа во Македонија веќе заморува, коментира Најчевска за амнестијата

Министерството за правда го подготви предлог-законот за амнестија, кој, доколку се усвои, ќе овозможи ослободување и намалување на затворските казни за лесни кривични дела. Професорката Мирјана Најчевска посочува дека глупоста завладеала во државава.

„А што стана со пробацијата и општествено корисната работа и пред се со адресирање на причините заради кои некој направил кривично дело и градење систем на помош, поддршка и превенција? Глупоста која завладеа во Македонија веќе заморува“, вели Најчевска.

Со законот се предлага целосно ослободување на лицата на кои им е изречена казна затвор до шест месеци, а за осудениците кои со правосилна пресуда се осудени на казна затвор поголема од шест месеци, се предлага ослободување од издржувањето на 30 отсто од целокупната казна.

Целта на предлог-законот, кој се очекува да биде усвоен на наредната владина седница, како што велат од Министерството за правда, е растоварување на затворите во земјава, со оглед на алармантната состојба во која се наоѓаат и која е потенцирана во многубројни меѓународни извештаи, меѓу другото, и од Советот на Европа.

На почеток