Македонија

СДСМ: Почнаа градежните активности за изградба на важните проекти, коридорите 8 и 10 д

СДСМ: Почнаа градежните активности за изградба на важните проекти, коридорите 8 и 10 д

„Почнаа градежните работи на најголемиот инфраструктурен проект во државата од осамостојувањето досега, изградбата на коридорите 8 и 10 д“, велат од СДСМ.

„Со реализација на инвестицијата од 1,3 милијарда евра Северна Македонија станува главна крстосница на Балканот, се поврзуваме кон запад и исток, со пристаништата во Драч и во Бургас.

Покрај зголемената безбедност и подоброто поврзување, изградбата на коридорите 8 и 10 д носи економски придобивки за македонските компании.

Институциите предводени од СДСМ остануваат силно посветени на изградба на безбедна и модерна патна инфраструктура во државата“, соопшти СДСМ.

Макфакс

На почеток