На дебатата во парламентот вчера може да се слушнат разни испади од страна на пратеници што доаѓаат од владејачкото мнозинство. Таа мачнина, која секој од нас ја чувствува за она што се случувало на Клиниката за онкологија, а која е резултат на медицински лица, кои се блиски до владејачките партии СДС и ДУИ, а Владата гледа на секој начин овој криминал да го забошоти, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при денешната посета на Свети Николе одговарајќи на новинарско прашање за скандалот на Онкологија.
Мицкоски истакна дека власта смета дека ако го забошоти случајот, на тој начин ќе се спасат себе си и ќе ги спасат сторителите на овој криминал, но им порача дека по промената на власта, сите што учествувале во криминалот ќе одговараат.
„Како што и претходно кажав, тоа важи за овие медицинско-политички криминалци, кои профитирале од здравјето на граѓаните, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ многу посериозно ќе се занимава со овој скандал и давам збор дека оние што го направиле сето ова ќе бидат процесирани пред органите што се за тоа задолжени“, рече Мицкоски.
Макфакс
