Свет

Зеленски испрати порака до Бугарија: Ви благодариме што не ја продолживте забраната за продажба на жито од Украина

Зеленски испрати порака до Бугарија: Ви благодариме што не ја продолживте забраната за продажба на жито од Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ѝ е благодарен на Бугарија што од 15 септември не ги продолжи ограничувањата за извоз на украинско жито.

dobivaj vesti na viber

„Им благодарам на (премиерот) Николај Денков и на неговиот тим, како и на бугарските пратеници, кои го поддржаа овој потег. Бугарија дава пример за вистинска солидарност“, напиша Зеленски на својата сметка на платформата Х („Твитер“).

Ограничувањата воведени од Европската Унија во мај им дозволија на Полска, Бугарија, Унгарија, Романија и на Словачка да ја забранат домашната продажба на украинската пченица, пченка, семе од репка и сончоглед, а во исто време може да дозволат транзит на тој товар од Украина за извезува во други земји, рече тој.

Тие ограничувања на ЕУ истекуваат в петок. Бугарскиот парламент денеска изгласа укинување на забраната за увоз на одредени украински производи.

Во резолуцијата што ја одобри се наведува дека „земајќи ја предвид солидарноста на Бугарија со Украина“, Софија не поддржува продолжување на забраната по 15 септември.

Полска, која одржува парламентарни избори на 15 октомври и каде што поевтиното украинско жито го прави домашното производство непрофитабилно, рече дека нема да ја укине забраната, дури и ако ЕУ не ја продолжи оваа недела.

Владата на Словачка исто така рече дека ќе ја поддржи забраната, а „Ројтерс“ известува дека Унгарија, најверојатно, ќе го стори истото тоа.

makfax.com.mk

На почеток