Голем скандал ја тресе Шпанија и нејзиниот фудбал, откако играчи на Реал Мадрид беа уапсени поради споделување на сексуално видео.
Првично беше објавено дека се тројца, но се покажа дека се четворица, а нивниот идентитет медиумите успеаја да го откријат.
Тоа се Раул Асенсио (20), Алекс Алеман (18), Андреас Кампос (21) и Борха Алонсо (19).
Тие се дел од Б и Ц тимот на Реал. Тие се зад решетки, а полицијата ја продолжува истрагата.
Да потсетиме, уапсените снимија, а потоа споделија видео од малолетно девојче, а нејзината мајка поднесе обвинение против нив.
Макфакс