Спорт

Уапсени тројца играчи на Реал Мадрид

Уапсени тројца играчи на Реал Мадрид

Голем скандал ја тресе Шпанија и славниот „кралски клуб“, бидејќи протече информацијата дека се уапсени тројца фудбалери на Реал Мадрид.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесува „Ел Конфиденсијал“, тројца неименувани играчи се во полиција бидејќи се обвинети дека споделиле сексуално видео со малолетна девојка.

Тие на 6. септември биле пријавени на Канарските острови од мајката на малолетната девојка, а овој четврток биле ставени зад решетки.

Мајката наводно изјавила дека еден од тројцата играчи на Реал Мадрид снимил сексуално видео, а потоа го споделил со другите двајца.

Апсењето се случило директно во тренинг центарот на Реал Валдебебас, во моментот кога тројцата донесени на распит се подготвувале за тренинг со остатокот од тимот. Инаку станува збор за тројца играчи на Ц-тимот и еден јуниор на Реал Мадрид.

Се нагласува дека истрагата ќе биде проширена и дека би можеле да бидат инволвирани и други играчи на мадридскиот тим.

Повеќе податоци ќе се знаат во наредните часови и денови.

Макфакс

На почеток