Магазин

Мултимедијална промоција на „Театар на сенки“ од Емељ Туна

Мултимедијална промоција на „Театар на сенки“ од Емељ Туна

„Театар на сенки“ е насловот на песната што ја отвора завесата на овој театар, во кој детските приказни се вртат во парички од лутина и среќа и паричката се губи во прашината на градовите и касабите што ни се отвораат пред очите.

dobivaj vesti na viber

Мултимедијалната промоција е составена од перформанс на трупата „Наш мал театар“, работен според стиховите на Туна, промотивна реч на Владимир Мартиновски и интерпретација на стихови од страна на Биљана Стојановска. Промоцијата е на 18 септември во 19 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

Збирката „Театар на сенки“ од Емељ Туна содржи 41 песни, на 50-ина страници. Песните се поделени во две посебни, но сепак поврзани целини: „Театар“, во кој има 20 песни, и „Сенки“, во кој се сместени 21 песна. „Театар на сенки“ е насловната песна, која ја отвора завесата на овој театар, во кој детските приказни се вртат во парички од лутина и среќа и паричката се губи во прашината на градовите и касабите што ни се отвораат пред очите. Во овие градови авторот и читателот заедно се соочуваат со себе си и своето ЈАС, од кое се ослободуваат дури летаат до небесните ниви разбранувани, ама и дури стиховите се рацете што ги придржуваат за веќе да не се плашат од падови“, се вели во описот на книгата, која е во издание на „Восток“ од Битола.

Емељ Туна е голем вљубеник во пишаниот збор, но и на уметноста општо. Родена е 1977 година во Скопје. Дипломирала на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, а магистрирала и докторирала на шведскиот земјоделски универзитет од Упсала. Работи како вонреден професор на Институтот за агроекономика при Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје. Авторка е на четири збирки поезија: „Хоризонти“ (1998), „Паралелни светови“ (2002), „Бујрум ако смееш, прочитај ја тишината“ (2021) и „Чудна пролет ќе ти раскажам“ (2022). Учествувала на повеќе поетски манифестации, меѓу кои и 59. Рацинови средби (Велес) и Ритамот на чаршијата (Скопје) во 2022 година, како и на неколку натпревари, на кои е добитник на награди и признанија. Нејзината поезија е дел од поетски монографии, како „Астални проекции“, „100.000 поети за промена“ и дел од „Современост“, списанието за литература, култура и уметност (2022 година).

Промоцијата на поетската збирка „Театар на сенки“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ е дел од богатата понуда на Град Скопје – кандидат за европска престолнина на културата за 2028 година.

Макфакс

На почеток