Свет

(Видео) По гласините дека е во кома, се појави видео од Кадиров

(Видео) По гласините дека е во кома, се појави видео од Кадиров

Умар Даудов, помошник на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа Кадиров за време на вечерна прошетка со неговото семејство. Видеото е објавено поради гласините за неговата наводна тешка болест, пренесува руската државна новинска агенција РИА.

dobivaj vesti na viber

„Вечерната прошетка беше одличен крај на вечерата со семејството. Искористете ги овие среќни моменти, пријатели. Најдете време и посветете повеќе внимание на вашето семејство. Одморете се од метежот и гужвата и задоволете си себе си и нив“, пишува во опис на видеото на Инстаграм на помошникот на Кадиров.

Да потсетиме, вчера се појавија гласини дека Кадиров е тешко болен. Портпаролот на украинското разузнавање Андриј Јусов изјави дека Кадиров е во кома откако му се влошила здравствената состојба. „Можеме да потврдиме дека тој има уште едно сериозно влошување и е во критична состојба во последните неколку дена“, рече тој.

„Информацијата е потврдена од различни извори во медицинските и политичките кругови. Не станува збор за повреди. Другите детали треба дополнително да се разјаснат. Тој е болен подолго време, а се работи за системски здравствени проблеми“, додадена. Ова не е првпат да се појавуваат гласини за здравствената состојба на чеченскиот лидер. Во март годинава се споменуваше труење и бубрежна болест.

makfax.com.mk

На почеток