Британскиот тенисер Енди Мареј вчера оствари важна победа за својата репрезентација во натпреварот од Дејвис купот против Швајцарија. Тој со 6:7, 6:4, 6:4 беше подобар од Лоренцо Риеди и и донесе победа на својата репрезентација со вкупни 2:1.
По мечот Енди Мареј откри дека тоа беше многу тежок настап за него. Британецот призна дека поради овој меч го пропуштил погребот на баба му, кој се одржал во исто време.
„Денес е тежок ден за мене. Денеска е погребот на баба ми, жал ми е што не сум со семејството. Но, бабо, ова е за тебе“, изјави Мареј по мечот.
Макфакс