Македонија

Шахпаска: Со новиот Закон го враќаме правото на жената сама да одлучува и обезбедуваме безбеден абортус

Владата предводена од СДСМ и коалицијата усвои нов Закон за прекин на бременоста. Правото на жената за прекин на бременоста е неприкосновено. Жената сама, свесно носи одлука за раѓање и број на деца, изјави пратеничката од СДСМ, Јагода Шахпаска.

„Прекинот на бременост мора да е е безбеден, во услови и на начин согласно медицина базирана на докази и од стручни лица.

Нема веќе административни процедури: комисии, нема веќе пристрасно советување, нема 3 дена чекање, нема веќе носење одлуки во нејзино име.

Прекин на бременост ќе се прави и на примано ниво на здравствена заштита во услови и начин предвидени со закон“, вели Шахпаска.

Таа додава дека прекин на бременост ќе се прави по барање и дадена согласност на жената до 12 седмица, а во одредени случаи и до 22 седмица.

„Жената ќе знае како се изведува, колку и какви последици носи интервенцијата. Животот на жената е пред се.

Минатата власт донесе закон кој го отежна пристапот до безбеден абортус, го ограничи правото на избор, ги стигматизираше и осудуваше жените.

Со новиот закон се гарантира нејзиното достоинство, приватност, информираност и доверливост.

Со овој закон исполнуваме уште едно изборно ветување. Законот наскоро ќе влезе во собраниска процедура и апелираме до сите пратеници заеднички да го поддржиме во интерес на жените и нивното здравје“, изјави Шахпаска.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток