Екс премиерот Никола Груевски вечерва за прв пат ќе се појави во медиум по бегството во Унгарија.
На телевизија „Сител“ оди најава дека во вестите во 16 часот ќе имаат интервју со како што велат, поранешниот премиер и азилант Груевски.
Останува да се види дали Груевски ќе открие како избегал од државата и кој му помогнал.
Груевски неколку месеци е во Унгарија каде што и доби азил откако во Македонија беше осуден на 2 години затвор за случајот „Тенк”.