Aрсенал ја запишаа четвртата победа во пет кола од Премиерлигата, освојувајќи го „Гудисон парк“ за 1:0 победа над Евертон, клуб со кој немаа многу среќа последните неколку години.
Мечот не почна најдобро за „топчиите“, откако прво ВАР системот му го поништи голот на Габриел Мартинели за минијатурен офсајд, за потоа токму Бразилецот да се повреди и да биде заменет со Леандро Тросар во 24. минута.
Токму Тросар во 69. минута го постигна победничкиот гол за тимот на Микел Артета по убавата комбинација со Букајо Сака, за Арсенал да се израмнат со Тотенхем и Ливерпул со 13 поени, два помалку од лидерот Манчестер сити.
Евертон, кои оваа недела добија нов американски сопственици, пак, остануваат на еден поен од пет меча, веќе во зоната за испаѓање.
🚨🚨| GOAL: Trossard opens the scoring for Arsenal!
Everton 0-1 Arsenal
— CentreGoals. (@centregoals) September 17, 2023
Макфакс