Американскиот бизнисмен Илон Маск на својата мрежа Х (Твитер) ја коментираше украинската криза, накратко велејќи дека многу луѓе загинале за малиот напредок што Украина успеала да го постигне на фронтот.
„Толку смрт, за толку малку“, напиша тој.
Инаку, Маск често ја коментираше ситуацијата во Украина. Неговиот став е добро опишан со една неодамнешна изјава:
„Со секој изминат ден, се повеќе украински и руски млади умираат за да добијат и загубат мали парчиња земја, а границите едвај се менуваат. Ова не вреди зa нивниот живот“, изјави Маск, потсетуваат медиумите.
Минатата година, според написите, Маск беше обвинет и за објавување на мировен договор кој одеше во корист на Кремљ, во кој тој сугерираше дека Украина треба да одржи референдуми за суверенитет, организирани од Русија во регионите што ги анектираше.
Иако му дозволил на Киев да ги користи услугите на неговиот „Старлинк“, Маск, како што неодамна стана познато, спречил и услугите на неговите сателитски терминали да се прошират сè до Севастопол на Крим.