Македонија

Демократско движење: Додека граѓаните секојдневно ја напуштаат државата, власта продолжува да ги толерира извршителите кои безмилосно ги пљачкаат граѓаните

Демократско движење: Додека граѓаните секојдневно ја напуштаат државата, власта продолжува да ги толерира извршителите кои безмилосно ги пљачкаат граѓаните

„Насобраните долгови и казнените камати ги постави извршителите во позиција едноставно да ги пљачкаат граѓаните, правејќи ги вечни должници. Блокирањето на трансакциските сметки стана вистинска ноќна мора за многу граѓани, но и за многу фирми, кои не можејќи да си ги вратат долговите едноставно одат во стечај“, велат од Демократско движење.

„Парламентарното мнозинство пред извесно време изгласа некои измени во Законот за извршување и во Законот за облигационите односи, но дел од познавачите на оваа област велат дека овие измени имаат многу нејаснотии.

Во оваа насока, потребно е државата да расчисти некои прашања и да не дозволи проблемите да останат во мирување. Сè додека нема автентично толкување на законот од страна на Собранието, ќе продолжи старата состојба, а угнетувањето врз граѓаните и правните субјекти ќе биде уште поболно.

Демократското движење го повикува и Министерот за Правда, во чии ингеренции се одвива активноста на извршители, да најде подобро решение, бидејќи бројката од над 120.000 блокирани жиро сметки е колку е алармантна, толку и трагична“, се додава во соопштението на Демократско движење.

Макфакс

На почеток