Заев го обвини Ахмети дека лаже
Од
Објавено на
Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев за телевизијата 24 вели дека не е вистина дека тој, лидерот на ДУИ, Али Ахмети и поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски имале неколку тајни средби во Клубот на пратеници во Скопје за измените на Кривичниот законик, како што тврди Ахмети.
-Не точно дека сум имал тајни средби со Ахмети и Груевски и сум договарал измена на Кривичниот законик. Изјавата на Ахмети не е вистина, вели Заев за телевизијата.