Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски ја повика Државната комисија за спречување на корупцијата да отвори предмет за лиценците.
„Веќе 10 дена чекаме ДКСК да пројават интересирање како е можно 40 милиони евра да се даваат за лиценци на фирма каде што доминира колега на премиерот, па ДКСК да одговори дали тоа не е основа за сомнеж за корупција? Очекуваме ДКСК да се произнесе и за првиот и за вториот тендер за оваа фирма, односно зошто е направен тендер на 15 милиони евра, со намалени услови пред 3 години? И веднаш потоа, по неполни 3 години, за истите услуги, 25 милиони евра, односно 10 милиони евра повеќе?“, рече Столковски.
Опозициската партија очекува ДКСК да отвори предмет, и во најкус рок да се изјасни за скандалот.
Макфакс