Упатувам искрени честитки и голема благодарност до сите кои беа вклучени во успешната организација на првото издание на Ohrid Water Festival, објави Пецаков
Упатувам искрени честитки и голема благодарност до сите кои беа вклучени во успешната организација на првото издание на Ohrid Water Festival со надеж и желба за уште подобри изданија во иднина, напиша Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид.
Тој додаде:
„Се радувам што една убава идеја, преку заедничка соработка и посветеност прерасна во нова спортска приказна, која ќе стане препознатлив белег на градот и ќе го промовира како атрактивна дестинација. Заедно со организациониот тим на фестивалот и одговорните во спортските клубови, денеска заеднички ги сумиравме впечатоците и резултатите од реализацијата на програмата и заклучивме дека сите 17 спортски настани на вода поминаа успешно, а сите настани од социјално-забавниот дел на фестивалот привлекоа големо внимание кај публиката. Тоа е јасен показател дека Охрид има капацитет за организација на вакви манифестации и дека треба да продолжиме посветено да го развиваме овој нов спортски концепт.
Како знак на благодарност за вклученоста во фестивалот и придонесот за неговото успешно одржување, Ohrid Water Festival ќе обезбеди пригодни награди за клубовите учесници.
Општина Охрид ќе продолжи да биде главниот поддржувач на оваа манифестација со верба дека истата ќе ја добие потребната поддршка и од нови спонзори и покровители“.