Сирени и звуци на борби се слушаат на видеата објавени на социјалните мрежи откако Азербејџан почна со воена акција во Нагорно-Карабах.
BREAKING:
Large scale fighting has just started in Nagorno-Karabakh.
Artillery and suicide drones are in action by both sides.
It’s possible that another war between Azerbaijan and Armenia is starting in front of our eyes. pic.twitter.com/xXC0Er8fCj
— Visegrád 24 (@visegrad24) September 19, 2023
На видеото од Степанакерт се слушаат звуци од артилериски оган. Друго видео од регионот покажува дека Азербејџан користи беспилотни летала за да ги напаѓа позициите на ерменската воздушна одбрана.
Артилериски оган можеше да се слушне и на периферијата на градот Аскеран.
An air alert has been declared in #Stepanakert/Khankendi (Nagorno-Karabakh)
Localised anti-terrorist measures have been launched in the Karabakh region, the #Azerbaijani Defence Ministry reports. It that Azerbaijani military were shelled by the Armenian Armed Forces and used… pic.twitter.com/1wqz8fvfUP
— NEXTA (@nexta_tv) September 19, 2023
Рубен Вардањан, банкар и милијардер, кој до февруари беше највисок функционер во администрацијата на етничките Ерменци во Карабах, напиша на Х („Твитер“) дека Азербејџан врши голем артилериски напад врз Нагорно-Карабах гаѓајќи ги градовите и цивилите.
Бомбардирањето на блокираниот регион, наречен Арцах од локалните Ерменци, може повторно да ја разгори крвавата војна во 2020 година во која Азербејџан ја врати земјата од локалното ерменско население поради широко распространетите обвинувања за воени злосторства, пишува „Гардијан“.
#Aproximidad pic.twitter.com/758ncSQ7r2 🇦🇿🇦🇲 | URGENTE: Azerbaiyán lanzó un ataque contra grupos separatistas en Nagorno-Karabaj, la zona en disputa con Armenia.
Estamos posiblemente ante el inicio de una nueva guerra. https://t.co/758ncSQ7r2 Fuente: AlertaMundial2
— A-Proximidad (@AProximidad) September 19, 2023
Министерството на Азербејџан соопшти дека оружјето не било употребено против цивилни позиции, но дека нападите очигледно биле извршени во непосредна близина на поголемите градови и населени центри. Азербејџан објави дека ги почнал нападите за да ги истера борците поддржани од Ерменија од регионот.
🇦🇿🇦🇲 رتل للقوات المسلحة الأذربيجانية
باتجاه #شوشي#أذربيجان #Azerbaycan pic.twitter.com/JAgLao9hps
— ريان المصري (@Rian_almasri) September 19, 2023
Претходната војна, која заврши со пораз на де факто државата Арцах, поддржана од ерменската влада, траеше 44 дена и во неа азербејџанските сили го зазедоа историски значајниот град Шуша.
„Вишеград 24“ на 12 септември објави дека Азербејџан ја обвинува Ерменија дека претходниот ден во два наврата употребила артилерија против нивните сили.
„Азербејџанците придвижуваат повеќе системи за тешко вооружување кон границата. Тие ги означија возилата со превртена буква А“, се вели во соопштението.
⚡️BREAKING: The Azerbaijani Defence Ministry announced the beginning of anti-terrorist measures in #Karabakh “to restore constitutional order.” pic.twitter.com/XCpziUiXnn
— KyivPost (@KyivPost) September 19, 2023
BREAKING:
Azerbaijan accuses Armenia of having used artillery against Azeri forces at 2 occasions yesterday.
The Azeris are moving more heavy weapons systems toward the border.
They have marked the vehicles with an upside-down A.pic.twitter.com/ohuB5qozCg
— Visegrád 24 (@visegrad24) September 12, 2023
Нападите следуваа по кризата поради ефективната блокада на коридорот Лахин од страна на азербејџанската влада и активистите, што доведе до акутен недостиг на храна, лекови и други стоки во регионот. Големи делови од Степанакерт, главниот град на ерменската енклава, останаа без вода и струја.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ги повика Ерменија и Азербејџан да го запрат крвопролевањето во Нагорно-Карабах и рече дека московските мировни сили во регионот ќе ја продолжат својата мисија.