Свет

(Видео) Азербејџан: Почнавме специјална антитерористичка операција во Нагорно-Карабах

(Видео) Азербејџан: Почнавме специјална антитерористичка операција во Нагорно-Карабах

Азербејџан почна со воена акција на територијата на Нагорно-Карабах, објавија руски и азербејџански медиуми.

Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека почнало „специјална антитерористичка операција“ на територијата на Нагорно Карабах.

Во Степанакерт, главниот град на Нагорно Карабах, се слушаат сирени и експлозии, јавуваат агенциите.

Ерменија, како и претставниците на непризнаената Република Арцах, веќе еден месец зборуваат дека Азербејџан ја собира војската и воената опрема на границата со Ерменија и на демаркационата линија со Нагорно Карабах.

Вчера Азербејџан ја укина блокадата што ја имаше во регионот од декември минатата година и дозволи хуманитарна помош да влезе од Ерменија преку коридорот Лачин и од централен Азербејџан преку патот Агдам.

На територијата на Нагорно-Карабах има руски мировници според примирјето потпишано по Втората карабашка војна во 2020 година.

Азербејџан и Ерменија војуваа двапати за Нагорно-Карабах, прво во раните 1990-ти по распадот на Советскиот Сојуз и повторно во 2020 година.

На почеток