Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов извести дека при гаснење на пожарот кој попладнево избувна над Катланово ќе се приклучи и еден полициски хеликоптер.
– Поради распространетоста на пожарот и отежнатото гаснење на тешко пристапниот терен над Катланово на гаснењето ќе се приклучи и еден полициски хеликоптер, кажа Ангелов.
Пожарот избувна попладнево околу 15 часот и 30 минути.
Макфакс