Спорт

Навивач на Њукасл прободен со нож во Милано

Навивач на Њукасл прободен со нож во Милано

Навивач на Њукасл е примен во болница во Милано во понеделникот вечерта, откако бил избоден со нож во хулигански напад.

dobivaj vesti na viber

Педесет и осумгодишниот Еди Мекеј бил со својот син и пријател кога биле нападнати од група од седум или осум лица за кои тврди дека носеле фантомки.

Се се случило околу полноќ, а Мекеј бил примен во болница со убодни рани и е во стабилна состојба.

Тој добил неколку убодни рани во грбот и рацете откако паднал на земја додека се обидувал да им побегне на напаѓачите.

Миланската полиција ја потврди веста дека на Мекеј му била укажана прва помош на лице место, по што бил примен во болница. Неговото семејство во текот на денот ќе пристигне во Милано за да биде со него за време на неговиот престој во болница.

Њукасл од 18:45 часот ќе игра против Милан на „Сан Сиро“, во првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

Макфакс

To Top