Скопје

ЈСП итно бара возачи, оти им избегаа во Малта и Германија за поголеми плати

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие објавен е огласот за вработување, но во него не стои колку лица ќе се вработат.

Од ЈСП „Скопје“ не одговорија на прашањата од СДК колку возачи ќе се вработуваат и со каков договор ќе бидат вработени.

Според огласот се бара кандидатите да имаат минимум завршено средно образование (IV степен), возачка дозвола Д категорија, работно искуство од минимум 2 години, флексибилност за работа во смени и професионално однесување. Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Пред ковид-19 пандемијата околу 70 возачи заминаа во Малта, Германија и други европски држави за подобри плати.

На почеток