Македонија

Груевски: Јанкуловска тоа го прави заради вербата дека ќе го намали политичкиот прогон

Екс премиерот и бегалец Никола Груевски во вечарашното интервју на телевизија „Сител“ истакна дека не им се лути на неговите доскорашни блиски соработници за изјавите, со кои го осудуваат неговото бегство.

„Тоа само докажува дека луѓето се апсени по политичка одлука, а не по судска. Тие ни криви ни должни беа уапсени. Имав информација дека Миле Јанакиески и Кирил Божиновски биле ставени на список за притвор за предметот Талир, но вака добија притвор десетина дена порано.

Луѓето беа во тешка ситуација, тие се под тежок притисок. Власта владее само со уцени, со страв. Не им се лутам, мораат така да кажат и јас ги разбирам. Ја разбирам и Јанкулоска, таа е притисната, во таква ситуација каква што е, не и замерувам. Ги знам нејзините ставови, сме работеле долго време. Секој кој работел со мене можел да даде сугестија, предлог, критика, но тогаш верувале дека тие одлуки се најдобри за државата. Тоа го прават заради вербата дека ќе го намалат политичкиот прогон врз нив“, вели Груевски.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток