Македонија

Ковачевски: Нечија агенда стои зад вчерашните случувања на северот на Косово

Ковачевски: Нечија агенда стои зад вчерашните случувања на северот на Косово

Премиерот Димитар Ковачевски ги осуди немирите на северот на Косово коментирајќи дека ваквите акти на насилство никому не му се потребни и не носат ништо добро во регионот.

Премиерот смета зад вчерашните случувања стои нечија агенда на луѓе, кои, како што рече Ковачевски, сакаат овој регион повторно да го видат како регион на немир и кавга меѓу соседите.

Ковачевски вчера на социјалните мрежи напиша дека безбедносната состојба во Македонија не е загрозена поради случувањата.

На почеток