Вчера, во 15.15 часот, во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Демир Хисар, кај место наречено Шуклов мост, патничко возило „форд“, со битолски регистарски ознаки, управувано од П. Н. (66) од Битола, излетало од коловозот.
Во несреќата возачот добил тешки телесни повреди, а 17-годишниот сопатник добил телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола.
Увид извршила екипа на СВР Битола.