Македонија

ДОМ: Хотелот што се гради во Лагадин е чир во заштитеното подрачје од УНЕСКО

ДОМ им укажува на сите институции и субјекти кои на каков и да е начин се инволвирани во урбанистичкото насилство во Лагадин, дека хотелот што се гради таму е чир во заштитеното подрачје на УНЕСКО!

„Изградбата на тој објект е скандалозна од самиот почеток во 2016 година, кога почна да се гради спротивно на законските прописи, поради што беше причина за бројни протести на граѓаните. Имено, хотелот се наоѓа во заштитените 50 метри до брегот на езерото каде не е дозволена цврста градба. Изградбата на овој објект прави непристоен преседан во исполнувањето на препораките на УНЕСКО што се однесуваат на времен МОРАТОРИУМ НА ГРАДБА во Охридскиот регион, заради заштита на природното и културното наследство на регионот.

Исполнување на сите 19 препораки од реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО, со посебен акцент на препораката број 6 за прогласување на времен мораториум на сите градежни активности во Охридскиот регион, се до донесување на потребните планови, е и еден од заклучоците на одржаната собраниска Надзорна расправа  во врска со управувањето со Охридскиот регион. Расправата ја организираше Комисијата за култура на иницијатива на неформалната група” Пратеници пријатели на УНЕСКО” чиј координатор е пратеничката и претседателка на ДОМ, Маја Морачанин“, велат од ДОМ.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток