Македонија

При претрес на хостел во Гостивар пронајдена марихуана

На 02.02.2019 година во периодот од 10.00 до 12.00 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во хостел во село Никифорово, гостиварско, кој под концесија го стопанисувал В.Л.(29) од Скопје. Тој бил присутен, а  бил затекнат и неговиот брат И.Л.(32).

При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, дробилки за марихуана и др. предмети. И.Л. бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток