Македонија

Четврток неработен ден за припадниците на бошњачката заедница

Четврток неработен ден за припадниците на бошњачката заедница

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека во согласност со со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр. 21/98 и 18/07), 28 септември 2023 година (четврток), Меѓународниот ден на Бошњаците, е неработен ден за граѓаните припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на бошњачката заедница им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците.

На почеток