Најпознатиот пензионер Тони, кој ја воодушеви јавноста со неговата изјава во анкета дека не постои грип туку дека треба да се вежба и ја употреби неговата реченица „Вежбај пизда ти материна“ , која ги воодушеви сите, излезе на модната писта. Со тоа Тони ги покажа резултатите од вежбање.
Дедо Тони Селмани, кој инку живее во Хрватска а по потекло е од Македонија, минатата ноќ одеше по модна писта и докажа дека работи како професионалец. Тони облече модел од Вартекс, бренд за кој додека бил млад работел. Дедо Тони беше дел од ревијата на саемот на свадба во Загреб и учествуваше со голем број познати Хрвати во хуманитарна вечер.
Тони носеше костум и иако има 82 години, тој по пистата се движеше како млад човек.
Веќе 21 година, Загрепскиот саем за свадби има добротворни карактер и со ѕвездите во гала-магазинот им помага на најмладите пациенти на Здружението на лекари, здравствени работници и родители на деца со вродени срцеви мани.
фото: индекс.хр