Македонија

Уште еден ветер во грб за Мицкоски

Граѓаните да бидат мирни и спокојни, уставни измени и бугарски диктати нема да прифатиме до крај. Моментално се води психолошка војна од страна на уплашената власт против опозицијата на темата за уставни измени. Ние како пратеничка група сме единствени и нескршливи и на следните избори на чело со Христијан Мицкоски ќе ја победиме оваа власт и тоа треба да им биде јасно, изјави пратеникот од пратеничката група „За обнова на Македонија“, Љупчо Пренџов во утринска емисија на Алфа телевизија.

Пренџов потенцираше дека ваков однос кон државата, како што има оваа власт и кон економијата, кон здравството, кон образованието секој трет предмет нема учебник, тоа е злосторство против сопствениот народ и тоа граѓаните го гледаат.

– Власта има три пати помал рејтинг од опозицијата, значи граѓаните будно следат што се случува. Тие се европски фронт само за на телевизија, а се сосема друго. Најлошиот извештај за Македонија е за 2021 година, вториот најлош е извештај е за 2022 година, а за оваа година можеме да замислиме со оваа злоупотреба на европското знаменце и европските вредности, истакна Пренџов.

Пренџов нагласи дека пратеничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ е нескршлива и секој пратеник од првиот до последниот му дава целосна поддршка на Мицкоски, додека по промена на власта, сите да знаат дека кој ги прекршил законите ќе одговара без разлика на измените во КЗ.

– Со промена на власта секој кој има направено криминал ќе се соочи со лицето на правдата. Во Кривичниот закон има повеќе од 400 членови, нема само еден по кој може да ве теретат, а тие и тоа како имаат направено прекршување по другите членови. Секој кој крадел од овие граѓани ќе се соочи со правдата. Ќе донесеме нова вредност во политиката, изјави Пренџов.

На почеток