Македонија

Муцунски: Спортско-рекреативен комплекс во Долно Лисиче на површина од 1.000 м2

Муцунски: Спортско-рекреативен комплекс во Долно Лисиче на површина од 1.000 м2

На простор од 1.000 квадратни метри жителите на Долно Лисиче во општина Аеродром добиваат нови и современи содржини за спорт и рекреација, проект со кој продолжуваат рамномерниот развој и реализацијата на проекти во сите населени места во Аеродром.

Инвестицијата се наоѓа на старото игралиште во ова населено место и опфаќа изведба на ново фудбалско игралиште со вештачка трева, ново кошаркарско игралиште, како и детско катче. Целиот простор ќе биде опремен со нови реквизити, трибини и урбана опрема.

„Со продолжување на континуираниот процес за обнова на спортската инфраструктура и инвестициите во спортските игралишта и катчиња наменети за децата со задоволство креираме нови површини на разни локации, површини што на моја голема радоста ја враќаат живоста на сите маала во Аеродром, кои создаваат нови можности за раст и развој на дечињата, како и за унапредување и промоција на спортот“, напиша на својот фејсбук-профил градоначалникот Тимчо Муцунски.

 

На почеток