Македонија

И Арсовска остава можност да се „побратими“ со Груевски во нова партија

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска ниту ги потврди ниту ги демантира гласините дека ќе се активира политички преку новоформирана партија. Таа денеска одговори дека во моментов е посветена на работата во Градот, а ако има поинакви одлуки, веднаш ќе ја извести јавноста.

„Многу ми е мило што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се занимава со мене во изминатите две години и му посакувам да продолжи така, затоа што тој сакајќи да го подигне својот рејтинг, очигледно доста работи на тоа да го подигне и мојот. Лично сметам дека штом се плаши сигурно има зошто“, рече Арсовска.

Што се однесува за прашањето дали со Груевски ќе формираат политичка партија, Арсовска забележа дека е посветена на она што треба да го реализира за Град Скопје, и ако има било какви други одлуки ќе ги повика медиумите и ќе ја извести јавноста.

На почеток