Вчера, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода 26-годишниот С. Л. од Прилеп, извести МВР.
„При претрес во неговиот дом на улицата Гостиварска во Прилеп, спроведен врз основа на наредба од Основниот суд Прилеп, пронајдени се и одземени кутија со цветови од растението канабис, шеснаесет пакувања со бела грутчеста материја, дваесет пакувања со марихуана и предмети со остатоци од марихуана“, соопшти МВР.
Лицето е приведено во Полициската станица Прилеп и по документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.