Македонија

Бочварски: Наша цел е да создаваме услови на континуитет на градежна експанзија во земјата

Бочварски: Наша цел е да создаваме услови на континуитет на градежна експанзија во земјата

Визијата за европска и просперитетна Македонија со модерна и квалитетна инфраструктура е невозможна без соработка и поддршка од стручната и академската фела. Развојот на градежниот сектор е од особено значење за развојот на државата, особено што поддржува други 25 стопански гранки, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, обраќајќи се на 20. меѓународен симпозиум на Друштвото на градежните конструктори на Македонија.

Тој ја потенцира важноста на стручната јавност во креирањето модерна и квалитетна инфраструктура, во која е почнат процес на употреба на нови стандардизирани норми и методи.

„Повеќе од четири децении постоење на ова друштво е само по себе показател колку е значајна нашата професија. Велам нашата бидејќи и јас сум дел од оваа струка и знам колкав е придонесот во создавањето трајни вредности во општеството. И затоа нашите програмски цели е да создаваме услови на континуитет на градежната експанзија во земјата, но притоа мора да понудиме нови знаења, нови стандардизирани норми и методи, кои ќе ги приспособиме на домашната легислатива. Сакам да истакнам дека ја реализираме најголемата инвестициска политика во изградба и модернизација на инфраструктурата во Северна Македонија. Исто така, ја почнавме најголемата реформата во градежната дејност преку која обезбедуваме високо ниво на професионалност и стандардизација на прописите и нормите“, истакна Бочварски.

Тој го потенцира значењето на ервокодовите како нови правила за работа во градежниот сектор, кои треба да почнат да се применуваат од септември в година.

Додаде дека Министерството за транспорт и врски е во крајна фаза во изработка на нов закон за градење, кој ќе понуди нов развој на градежната дејност.

На почеток