Македонија

Форум на жени СДСМ за обвинувањата кон Маричиќ: Стојаноска не штеди отровни зборови, секојдневно ги слушаме нејзините лаги

Форум на жени СДСМ за обвинувањата кон Маричиќ: Стојаноска не штеди отровни зборови, секојдневно ги слушаме нејзините лаги

Недозволиво е да се злоупотребува собраниската говорница за изнесување лаги, тоа граѓаните не го заслужуваат, реагираат од Форумот на жени на СДСМ по прозивките на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска до вицепремиерот за европски прашања дека и испраќал бакнежи и намигнувања од пратеничкото место.

„Секојдневно ги слушаме лагите на Дафина Стојаноска кажани од собраниската говорница.

Ваквото однесување на пратеничката која не штеди отровни зборови се спротивни на вредностите и заложбите на женското пратеничко лоби и не се во интерес на македонскиот парламент“, велат од Форумот на жени на СДСМ.

Маричиќ, како што велат, бил и е борец за родова еднаквост, промотор на рамноправноста и силен поддржувач на македонските прогресивни и демократски политики.

На почеток