Македонија

(Фото) Заев, Ковачевски, Зечевиќ седнаа на маса по критиките за фракции во СДСМ – објавија за што зборувале

Експремиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев сподели фотографии на маса со сегашниот премиер и претседател на партијата, Димитар Ковачевски, како и генералниот секретар, Миле Зечевеиќ. Ова доаѓа по критиките за фракции во партијата.

„Мораме да осигураме просперитет за македонските граѓани и извесна иднина за нашата држава. Членството во ЕУ сега се чини најдостижно. На тој пат, ние социјалдемократите, имаме државничка одговорност да преземаме храбри и одлучни чекори. Демократскиот блок не исклучува, тој здружува. Тоа е единствената и проверена формула за нов македонски успех. #МКвоЕУ“, напиша Заев.

Став изнесе и Ковачевски.

„СДСМ има долгогодишно државничко и партиско искуство, посветеност и полна енергија да продолжи со победа и брз чекор по европскиот пат. Денешниот координативен состанок на стратешкиот тим е во оваа насока – да направиме сè, да овозможиме целосен државен и национален консензус за исполнување на определбата на огромното мнозинство граѓани, да станеме полноправна европска држава до 2030г. Европскиот пат и полноправното членство во ЕУ е највисок државен и национален, македонски приоритет. Ова е клучен момент, се работи за сегашноста, стабилноста и извесната иднина на сите наши граѓани, за иднината на денешните и идните генерации.
Граѓаните заслужуваат европски квалитет на живот и европски животен стандард, во европска држава, а тоа да биде нивната родна земја, нивната татковина“, напиша премиерот.

На почеток