Охрид

Охрид покажува како треба, Пецаков најави: донесовме одлука собраните средства од хуманитарните паркинзи да ги донираме онаму каде што тоа е најпотребно

Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид, објави дека средствата собрани од хуманитарните паркинзи ќе се донираат за двајца сограѓани.

„Заедно со ЈП „Билјанини извори“ донесовме одлука собраните средства од хуманитарните паркинзи да ги донираме онаму каде што тоа е најпотребно. Во овој момент проценивме дека овие средства им се најпотребни на двајцата наши сограѓани Лулзим Демирали и Алпај (Џани) Муфти кои водат животна борба.

Вкупно собрани средства од хуманитарните паркинзи се 80.000 денари, а на нашите сограѓани ќе им бидат донирани по 40.000 денари. Воедно тука сакам да испратам и апел до сите оние кои се во можност да се приклучат кон повиците за донација и во рамките на нивните можности да донира. Go fund me линкој каде може да донираат и оние кои во моментов се надвор од Македонија, Лулзим Демирали – https://www.gofundme.com/…/fundraising-for-lifesaving… Алпај (Џани) Муфти – https://www.gofundme.com/f/apel-per-ndihme-allpaj-27-vjec…

Во април годинава, исто така извршивме донација на собраните средства кои беа во износ од 62.420 денари на Центарот за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“. Ги повикувам граѓаните и гостите во Охрид што повеќе да ги користат овие паркинг простори, бидејќи на тој начин индиректно помагаат таму кај што има најголема потреба“, напиша Пецаков.

На почеток