Македонија

(Фото) Шестмесечното бебе со опериран череп е хероина: Состојбата и е стабилна

Неврохирургот Венко Филипче, кој и го спаси животот на шестмесечната Маја Магдалина, денеска е во одлична здравствена состојба.

„Утрово на Клиниката за неврохирургија шестмесечната Маја Магдалина ме дочека со насмевка. Малата хероина ја опериравме со мојот тим пред два дена, нејзината состојба е стабилна. На Маја Магдалина ѝ посакувам побрзо опоравување и весели детски денови“, напиша Филипче.

Претходно, тој објави: „Со мојот тим на Клиниката за неврохирургија имавме исклучително сериозен хируршки зафат кај шестмесечно бебе. Нашиот мал пациент имаше вродена аномалија на черепот, неговата состојба беше комплексна и мораше веднаш да се оперира како не би дошло до поголеми компликации. Операцијата која траеше неколку часа, помина во најдобар ред и со помош на оваа интервенција на овој мал борец му овозможивме шанса за успешен раст и развој“.

На почеток