Свет

Работниците во рестораните за брза храна во Калифорнија слават големо зголемување на минималната саатница

Работниците во рестораните за брза храна во Калифорнија слават големо зголемување на минималната саатница

Вработените во рестораните за брза храна во Калифорнија ќе имаат минимална плата од 20 долари на час почнувајќи од следната година. Тоа ќе стане највисоката гарантирана основна плата во американската индустрија за брза храна. Претходната минимална плата за час беше 15,50 долари, што ја прави Калифорнија веќе блиску до врвот.

dobivaj vesti na viber

Демократскиот гувернер Гевин Њусом го потпиша предлог-законот опкружен со радосни работници и ја отфрли идејата дека работните места за брза храна се за тинејџери што бараат искуство.

„Тоа е романтизирана верзија на свет што не постои. Имаме можност да го наградиме тој придонес, да ја наградиме таа жртва и да ја стабилизираме индустријата“, рече тој. Новата минимална плата стапува во сила во април, а се однесува на рестораните што имаат најмалку 60 продажни места во целата земја, пишува „Скај њуз“.

Новата минимална саатница значи дека работниците со полно работно време ќе добиваат годишна плата од најмалку 41.600 долари. Инаку, 550.000 луѓе работат во 30.000 ресторани за брза храна во Калифорнија. Се формира и нов совет, кој од сега до 2029 година ќе може да ја зголемува оваа саатница за најмногу 3,5 % секоја година.

На почеток