Македонија

Прва слобода по измените на Кривичен: На ексчлен на Судски совет му застаре делото

Ексчленот на судскиот совет, Зоран Теофиловски се ослободува од вина, оти му застаре делото со измена на Кривичниот законик. Тој беше гонет за кривично дело „злоупотреба на службена должност и овластување”.

„З.Т. -член на Судски совет“ на кое рочиште јавното обвинителство предложи судот да донесе решение за запирање на кривичната постапка поради измените на Кривичниот законик. Судот донесе решение со кое ја запре постапката поради настапување на апсолутна застареност на кривичното гонење“, соопшти Коалиција за правично судење.

Според обвинението, Зоран Теофилоски, како одговорно лице – претседател на Тениско спортско здружение Љуботен Тетово и Цветко Наумовски како одговорно лице – управител во правното лице Друштво за спортски активности Тениски Клуб Љуботен ДОО Тетово, со умисла ги потикнале обвинетите Ајдин Нуредини како лице кое врши работи од јавен интерес и службените лица Џемал Абди, Имран Куртиши, Кренар Ибрахими и Идриз Реџепи со искористување и неизвршување на нивната службена положба и овластување, со умисла да прибават значителна имотна корист за правното лице Друштво за спортски активности Тениски Клуб Љуботен ДОО Тетово, а на штета на средствата на државата – сопственост на градежно земјиште, во вредост од 22.050.000 денари.

На почеток