Миле Зечевиќ крена раце од Стопанска банка Битола – образложението е кратко и неконцизно
Стопанска банка Битола преку Берзата извести дека членот на Надзорниот одбор, Миле Зечевиќ, до Собранието на акционери на Стопанска банка Битола поднел оставка од функцијата независен член на Надзорниот одбор на Банката, пишува „Фактор“. Миле Зечевиќ е генерален секретар на владејачката партија СДСМ.
Тоа се случило пред околу еден месец, односно на крајот на август оваа година.
„Согласно член 364 од Законот за трговските друштва, по поднесената оставка не се одлучува за нејзино прифаќање. Се смета дека на членот на Надзорниот одбор му престанал мандатот со денот на поднесувањето на известувањето за оставката, во писмена форма, освен ако во известувањето не е наведен некој друг датум“, соопштиле од банката.
Инаку, како што наведуваат оттаму, во поднесената оставка Миле Зечевиќ има наведено дека неа ја дава од лични причини, заради зголемени професионални обврски во останатите работни ангажмани и истата стапува во сила со денот на комплетирање на составот на Надзорниот одбор.