Јавноста Лазе Танески во моментов го знае како претседател на СДСМ Охрид и сопственик на „Лаки Хотел“, но приказната за Лазе Танески почнува во други хотели, поточно почетокот во туризмот е во авто камп.
И покрај тоа што Лазе Танески работел на аеродромот во Охрид и се занимавал со трговија, посериозен влез во туристичкиот бизнис има во 2007 година кога го изнајмува авто кампот во Љубаништа.
Лазе Танески почнува да работи во овој авто камп и во сезоните кога тој го менаџира кампот работи со максимален капацитет и повторно почнува да станува атрактивна локација за љубителите на кампувањето.
Во 2009 година фирмата ТЕДИ КОМЕРЦ која е сопственост на Лазе Танески оди чекор натаму и го изнајмува хотелот „Десарет“, по што и овој сместувачки капацитет доживува ренесанса.
Успешното менаџирање продолжува и во овој хотел кој низ годините на транзиција беше останат во времето без промени и следење на новите трендови, а во градот се спомнуваше само кога средните училишта таму правеа матури.
Во периодот додека хотелот го менаџираше Лазе Танески „Десарет“ доживеа вистинска ренесанса и менаџерски препород. Хотелот почна да се полни со странски туристи, а фирмата на Тнаески, ТЕДИ КОМЕРЦ реализира и инвестиции во хотелот кој по децении заборав, доби најмодерен базен со сите пропратни содржини.
Но фирмата на Лазе Танески не застана само на препородот на „Десарет“. Во 2013 година, Лазе Танески продолжува да го шири бизнисот и го изнајмува хотелот „Ривиера“, кој заради претходно лошо менаџирање беше запленет од банка која имала хипотека врз објектот, и претставуваше уште еден срам на „Кеј Македонија“ во центарот на Охрид.
И „Ривиера“ како и „Десарет“ почна да работи позитивно, стана свратилиште за граѓаните на Охрид кои тука навратуваа со години претходно, но неколку години пред 2013 и овој објект заради лош менаџмент остана познат само по полуматурите кои тука ги правеа основците, а една година пред да го изнајми компанијата на Лазе Танески хотелот не работеше и беше обрастен со трева и коров.
Паралелно двата хотели „Ривиера“ и „Десарет“ Лазе Танески успешно ги менаџира за во периодт кој следи потоа да пристапи кон инвестирање во сопствен хотел кој донесе новитети во туристичката понуда на Охрид, но како и да „повлече нога“ па по отворањето на „Лаки Хотел“ се остварија уште две други значајни инвестиции во хотели во Охрид, на познати и признати бизнисмени од Охрид и Струга.
„Лаки Хотел“ од 2016 година донесе голема промена во охридската туристичка понуда како во телот на услугата, така и во делот на понудата која го следи трендот, но пред се во изгледот на објектот, ресторанот, спа центарот, отворениот базен кој се загрева и во зима и собите и апартманите кои се приказна за себе која треба да се доживее.
ТЕДИ КОМЕРЦ на Лазе Танески, почнувајќи од изнајмен авто камп, со одговорно работење, упорност, пожртвуваност и пред се храброст за преземање на ризик од страна на сопственикот за 12 години успеа да прероди еден авто камп, два изнајмени хотели и на крај да инвестира во сопствен репрезентативен објект со кој оваа фирма влијаеше на промените кои го зафатија приватниот сектор и поттикна други способни бизнисмени да инвестираат во хотели.
Во минатите 12 години, фирмата ТЕДИ КОМЕРЦ на Лазе Танески, остваруваше позитивно влијание на локалната економија, изнајмувајќи објекти во кои донесе странски туристи, ангажирајќи бројни фирми како добавувачи и на крај инвестирајќи огромни суми во „Лаки Хотел“ кој исто така е граден од фирми од Охрид и Струга.