Свет

(Видео) Телата на убиените Срби се пренесени во капелата во Рударе кај Звечани

Телата на Србите кои беа убиени минатата недела во Бањска, беа пренесени во капелата во Рударе кај Звечани.

Покрај членовите на семејството, во капелата беа и адвокатите Предраг Миљковиќ и Милош Делевиќ, јавува Косово онлајн.

Семејствата денеска околу 15 часот ги однесоа телата на своите најблиски од Институтот за судска медицина во Приштина.

Тројца Срби беа убиени на 24 септември во Бањска по судир со косовската полиција, во која загина и еден косовски полицаец.

На почеток