Свет

Белгиската католичка црква под сомнеж за злоупотреба на лични податоци

Белгиската католичка црква под сомнеж за злоупотреба на лични податоци

Белгиската Управа за заштита на податоци се сомнева дека Католичката црква во Белгија ја крши европската Општа регулатива за заштита на податоците (ГДПР), со тоа што продолжува да ги чува личните податоци на оние кои решиле да ја напуштат верската заедница.

dobivaj vesti na viber

Се работи за процес, неофицијално наречен „дебаптизација“, односно барање на поединци да бидат избришани од црковниот Регистар на крстени, со што практично ја напуштаат Црквата.

Црквата својата постапка ја правда со ставот дека според доктрината на верата, „дебаптизација“ не е можна, бидејќи „пренесената света тајна не може да се отповика“.

Поранешен портпарол на Европскиот парламент, Јан Де Зутер во изјава за весникот „Стандард“ вели дека Црквата не смее да ги чува податоците и евиденцијата на оние кои побарала да ја напуштат, бидејќи на тој начин ја прекршува Општата регулатива за заштита на податоците на ЕУ.

Меѓутоа, црковниот портпарол Герт Де Керпел изјави дека според експерти за ГДПР, Црквата со ваквата постапка на ја прекршува Регулативата, додавајќи дека податоците не се чуваат во електронска форма или централно, туку на ниво на парохии.

На почеток