Македонија

Спасовски: На вработените во МВР им е исплатена за 10 отсто зголемена плата

Спасовски: На вработените во МВР им е исплатена за 10 отсто зголемена плата

Денеска на сите вработени во МВР им беше исплатена за 10 проценти  зголемена плата, објави на социјалните мрежи, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Како што рече, од 2016 досега реализирани се 5 покачувања на платата за сите вработени во МВР, и тоа во 2016, 2019, 2022 за 5 отсто, во март 2023 линеарно зголемување во бруто износ од 3.086 денари, а согласно измените во Општиот колективен договор за јавниот сектор, со кои основната бруто плата на вработените во јавниот сектор се зголемува за 10 проценти, сите вработени во МВР со исплатата на платата за месец септември, добија 10 отсто зголемена плата.

Дополнително, во 2019, за првпат од 1991, за 4.821 униформирани вработени, со зголемување за 10 и 20 на бодовите на плата само за работната позиција полицаец, се овозможи издвојување на основната категорија Е и Ж работна позиција помлад полицаец, полицаец и виш полицаец од останатите вработени, вели Спасовски.

На почеток