Македонија

Министерството за одбрана ја почна постапката за изградба на спомениците на загинатите бранители

Министерството за одбрана ја почна постапката за изградба на спомениците на загинатите бранители

Министерството за одбрана ја почна постапката за изградба на спомениците на загинатите бранители во месноста Љуботенски Бачила, на Карпалак и во Вејце.

„Со оглед на обидот на градоначалниците на општините до кои беше поднесена иницијативата да ја политизираат оваа иницијатива, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, сакајќи да се зачуваат ликот, делото и жртвата на загинатите бранители, почна постапка за која не е потребна согласност од општините, а ќе овозможи изградба на овие споменици на споменатите локации“, соопштија од Министерството за одбрана.

Со заклучок на седницата на Владата одржана на 28.9, Владата ги задолжи Министерството за одбрана и надлежните институции местата на кои загинале македонските бранители да бидат доделени на Министерството за одбрана. Постапката е веќе почната и е во тек.

 

На почеток