Македонија

Каевски: Мицкоски е анти-ЕУ политичар, а ДПМНЕ антизападна партија

Каевски: Мицкоски е анти-ЕУ политичар, а ДПМНЕ антизападна партија

Христијан Мицкоски не може да ги оправда своите анти-ЕУ и антизападни политики, вели Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Нема ниту еден аргумент зошто ДПМНЕ го блокира европскиот пат на земјата и членство во ЕУ. Ова е најголема потврда на фактот дека Мицкоски е против ЕУ, а актуелната ДПМНЕ е антизападна партија. ДПМНЕ нема поддржано ниту една одлука за евро-атлантските интеграции на земјата. Сосема спротивно, правеше сè за ја блокира европската иднина на земјата. Лажно тврдеа дека македонскиот јазик ќе биде бугарски дијалект, а не гласаа за ратификација на договорот ФРОНТЕКС како прв договор потпишан на македонски јазик“, вели Каевски.

Тој истакнува дека Мицкоски и ДПМНЕ не го поддржале ниту преспанскиот договор ниту членството во НАТО.

„Цели 11 години ДПМНЕ ја држеше земјата во изолација, надвор од ЕУ и НАТО, а денеска е главен кочничар на европската интеграција. Тоа се фактите, ДПМНЕ е анти-ЕУ и антизападна партија. Членство во ЕУ значи поголеми плати за работниците, поголеми пензии, подобар животен стандард, пристап до пазар од 500 милиони жители. Затоа СДСМ ќе направи сè за државата да оди напред, граѓаните да живеат во европска држава, со европски животен стандард“, вели Каевски.

На почеток